Миовски погоди во голем стил, но ВАР ја спречи радоста на Македонецот (Видео)

Бојан Миовски успеа да постигне гол за Глазгов Ренџерс, но ВАР ја прекина радоста на нашиот репрезентативец и го поништи голот поради играње со рака на еден од соиграчите на нашиот фудбалер и тоа 15-тина секунди пред да биде постигнат голот.

Навистина штета, бидејќи Миовски погоди во голем стил и тоа ќе беше одлична најава за дуелот против Данска во четврток.

На крајот Глазгов Ренџерс победи со 4-1 против Абердин, а Миовски во игра беше уфрлен во 86-тата минута. Поништениот гол беше само четири минути подоцна, односно во 90-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести