Миовски: Поинакво е чувството кога ќе се даде гол за својата репрезентација (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија во Анталија, Турција, се подготвува за двата пријателски натпревари кои ќе ги одигра против Молдавија (22 март) и Црна Гора (25 март).
Фудбалерите синоќа го одработија првиот тренинг и атмосферата во националниот тим е одлична, а главен адут на селекторот Благоја Милевски во нападот ќе биде Бојан Миовски, кој игра одлично во дресот на Абердин.

„Секогаш е одлично кога сме во репрезентативниот дрес. Одлично е да се собереме по подолг период и да гледаме позитивно на овие два пријателски натпревари. Нормално, доколку сакаме да играме на големо натпеварување, мора да играме со одлични репрезентации, Молдавија и Црна Гора ,како и со Хрватска во јуни. Тоа се репрезентации кои ќе претставуваат одличен тест за нас пред настапите во Лигата на нациите. Треба да дадеме сè од себе, да ги слушаме советите на селекторот, да се фокусираме на тактиката и да дадеме 100 отсто на овие два меча и да се воигруваме за тоа што не очекува во септември. Секогаш давам 200 отсто и за клубот и за репрезентацијата, секако, ќе ми биде многу мило да почнам да погодувам и во националниот дрес. Различно е чувството кога ќе се даде гол за својата репрезентација, секогаш давам максимум и се надевам дека ќе ја искористам шансата“, вели Миовски.

 

- Оглас -

Најнови вести