12.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Миовски поради повреда го напушти теренот, неизвесно дали ќе игра за Македонија на последните два меча од Лигата на нации

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стартер и еден од подобрите играчи во екипата на Жирона, која со 4:3 славеше над Леганес. Во 62 минута врз Миовски беше направен фаул по кој беше досуден пенал за Жирона.

Фаулот не беше наивен, Миовски се повреди и мораше да излезе од игра. На негово место влезе Стуани, кој и погоди од пенал за водство од Жирона од 3:2 во тој момент.

Според првичните лекарски прегледи, Миовски има повреда на скочниот зглоб на ногата. Засега не се знае колку е сериозна повредата, а утре се очекува да оди на дополнителни прегледи за да се дознае сериозноста на повредата.

Доколку се работи за нешто посериозно тоа ќе биде удар и за македонската репрезентација, бидејќи Миовски е еден од главните играчи во офанзивата, а може да ги пропушти последните два меча од Лигата на нации. Македонија на 14  ноември ќе игра против Летонија во Скопје, а три дена пдоцна ќе бидеме домаќини и на Фарски Острови.

- Оглас -

Најнови вести