Миовски: Примениот гол ќе ни даде мотив плус за во иднина

Малку фалеше Бојан Миовски да ни донесе победа над Велс, но неговиот гол за 1-0 во 90-тата минута не беше доволен за триумф и жали за пропуштеното.

„Примивме гол во последните 10 секунди, тоа може само да нè мотивира за во иднина како репрезентација. Знаевме дека во тимот на Велс се играчи од најсилните англиски лиги, се браневме одлично, бевме трпеливи, шансата ни дојде во вистински момент, но примивме гол. Беше тешко да се играат овие два меча поради трагедијата во Кочани, жалиме за тоа што се случи, но животот продолжува, нека почиваат во мир“, изјави Миовски.

- Оглас -

Најнови вести