После реми и пораз, дојде ред Жирона да ја извојува и првата победа сезонава во шпанската лига.
Бојан Миовски првпат беше во почетниот состав на каталонскиот тим и во победата од 4-0 против Осасуна не даде гол, а на терен остана до 63-та минута, кога беше заменет со Кристијан Стуани, кој успеа да ја затресе противничката мрежа.
За Жирона ова беше прв меч на домашен терен и веднаш покажаа дека се негостољубиви (минатата сезона Жирона беше најефикасен домаќин во лигата). Овој резултат од 4-0 е најубедлив во досегашниот дел од сезоната во шпанската Ла Лига.