Миовски се сели во шкотското царство на Сер Алекс Фегусон, ќе игра за легендарен клуб

Шкотски Абердин е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, а од неговите настапи е презадоволен менаџерот на легендарниот клуб, Џим Гудвин.

„Јас би потпишал со 100 играчи, но мораме да одбереме неколку најдобри. Очекувам позитивен исход и одговор од Миовски и Лауритсен“, изјави Гудвин.

Миовски му оставил одличен впечаток, а ако успее трансферот, нашиот репрезентативен напаѓач ќе игра за клубот чиј менаџер девет сезони беше Сер Алекс Фергусон.

Бојан моментно е член на унгарски МТК, а Абердин веќе купи играч од овој клуб во овој трансфер период и плати 100 илјади евра за Илбер Рамадани, кој му е соиграч на Миовски.

Пак можат да играат за ист клуб, ако се оствари трансферот и на Миовски во Абердин, клуб кој има четири титули во Шкотска и е поранешен победник во Купот на победници на купови.

 

- Оглас -

Најнови вести