Миовски со гол го спаси Абердин од пораз, Лудогорец доби „седмица“, ама не на лото, туку на гости во Данска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да погоува во дресот на Абердин. Офанзивецот на Абердин вечерва погоди во ремито од 1:1 на Абердин на свој терен против Хелсинки.

Хелсинки водеше со 1:0 кога Миовски со гол во 79-тата минута израмни на 1:1.

https://twitter.com/i/status/1710035496678588686

Нордсјиланд немаше милост во дуелот против Лудогорец во рамките од второто коло во Конференциската лига и победи со убедливи 7:1. Уште од самиот старт на мечот домаќините тргнаа офанзивно и првиот гол го дадоа уште во втората минута, а до полувремето водеа со 4:1.

Во второто полувреме домаќините малку подзапреа во темпото, но повторно беа ефикасни и постигнаа три нови гола за „седмица“ во мрежата на бугарскиот првак.

ПАОК со гол во судиското надополнување стигна до победа од 2:1 против Ајнтрахт Франкфурт, додека Фиорентина во последните моменти се спаси од пораз на свој терен од Ференцварош, во меч кој на крајот заврши 2:2.

Астон вила се намачи, но успеа да даде еден гол и минимално со 1:0 да го победи Зрињски, а со ист резултат и АЗ Алкмар дома се радуваше против Легија. Генк на гости со 2:0 го победи Чукарички, а Фенербахче славеше на гости кај Спартак Трнава со 2:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести