Фудбалската репрезентација на Македонија ги привршува мини-подготовките за гостувањето во Гент и дуелот против Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски, очекува поволен резултат со помош на повеќе од 1.000 македонски навивачи кои веќе имаат купено билет за мечот во Гент.
„Знаеме против кого играме. Последна фаза од квалификациите. Покажавме дека можеме, први сме со супер гол-разлика. Задоволни сме, но работата не е завршена. И Белгија, но и останатите два натпревари се едни од најважните во поновата историја на Македонија. Знаеме против играме, речиси сите играчи на Белгија играат во топ-5 лигите. Се подготвуваме максимално и со помош на нашите навивачи се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат.“ – вели Бојан Миовски.