Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна првиот хет-трик во дресот на Глазгов Ренџерс на официјален натпревар. Тој беше стартер и ја оправда довербата на куп-дуелот против нисколигашот Анан Атлетик постигнувајќи три гола.
Миовски го отвори резултатот во 12-тата минута, а потоа и уште еднаш се запиша во листата на стрелците во 32-та минута.
— Rangers Football Club (@RangersFC) January 16, 2026
Третиот гол за Ренџерс беше дело на Дауел на стартот од вториот дел, Миовски во 74-та минута реализираше пенал за комплетирање на хет-трик, а серијата голови во триумфот од 5-0 ја затвори Асгард.

