Миовски против Велс со специјални копачки во чест на настраданите во трагедијата во Кочани

Бојан Миовски е фудбалерот од кого ќе се очекуваат погодоци да ја израдува македонската фудбалска јавност во дуелот против Велс, кој се игра вечерва на арената „Тодор Проески” во Скопје.

Освен натпреварувачки, мечот ќе има и хуманитарен карактер затоа што сите средства кои ќе бидат собрани од продадените билети ќе бидат донирани за настраданите во трагедијата во Кочани. Миовски преку социјалните мрежи упати порака непосредно пред денешниот дуел.

„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот. Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“, стои во објавата на Миовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan)

 

- Оглас -

Најнови вести