Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со 1:0 ја совлада селекцијата на Фарски Острови доаѓајќи до втора победа во пет дена.
Претходно, Македонија со 2:1 беше подобра од Малта, а денешната победа ја обезбеди Бојан Миовски, кој единствениот гол го постигна во финишот од натпреварот и ја потврди одличната форма во која се наоѓа сезонава.
Миовски е трет стрелец во шкотската Премиер лига, тој сезонава во дресот на Абердин досега постигна 15 гола.
„Среќен сум за придонесот во репрезентацијата, и формата и головите ги префрлив во националниот тим со асистенција против Малта и денеска со гол против Фарски Острови. Против Малта среќен сум што освоивме три бода и со победа почнавме во квалификациите затоа што беше почетен натпревар. Денеска беше одличен тест и за дебитантите и сите ние да се наметнеме за јунските натпревари. Во репрезентаијата можеме да се наметнеме само преку минутажа во клубовите и само со тимска игра можеме да очекуваме успех не само во квалификациите, туку и на секој натпревар“, вели Миовски.