Миовски стана ноќна мора за голманите во Шкотска, веќе е прв стрелец во Премиер лигата

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да прикажува одлични игри во дресот на Абердин и да ги тресе мрежите во шкотската Премиер лига.

По првото полувреме во мечот од 16-то коло, Абердин води со 1:0 против Данди јунајтед, а голот беше дело на македонскиот репрезентативец.

Миовски во 37-та минута од пенал го постигна засега единствениот гол на мечот.
Ова е 11-ти гол за Миовски во шкотскиот шампионат со што се израмни на првото место на листата на најдобри стрелци со Чолак од Ренџерс.

- Оглас -

Најнови вести