Миовски утна пенал, па Абердин го смени изведувачот на најстрогата казна

Абердин загуби од Ливингстон со 1-2 во меч од шкотската Премиер лига, а еден од трагичарите на Абердин беше македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

При резултат 2-0 за Ливингстон, во судиското продолжение од првото полувреме беше досуден пенал за Абердин, пеналот го изведе Миовски, но не го реализира. Во второто полувреме судијата досуди уште еден пенал за Абердин, но овојпат не шутираше Миовски, туку Дјук, кој погоди.

Абердин е тим со најмногу шутнати пенали сезонава во Европа, а вечерва пропушти можност да избегне делба на третото место на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести