Бетис предводен од славеникот Иско (гол и асистенција) кој денеска наполни 33 години, без проблем ја победи Жирона со 3-1 и сега каталонскиот тим чиј член е Бојан Миовски, има низа од четири порази едноподруго и се наоѓа на само три бода над опасната зона која води во втората шпанска лига.
Жирона во минатата сезона беше хит, се бореше за титула, играа во Лига на шампиони, но сега пак се оние старите како порано и им се заканува испаѓање. Вечерва испишаа и негативен рекорд, првпат во нивната историја како прволигаши примија три гола во прво плувреме на домашен терен.
Миовски не влезе во игра ни вечерва, ова е трети меч по ред на кој остана без настап (на едниот не можеше да игра поради повреда), а втор на кој беше на клупа и не доби шанса. Последниот негов меч во дресот на Жирона беше на 15-ти март против Валенсија кога одигра 59 минути.
Бетис со победата е на еден бод од местата кои водат во Лига на шампиони.