Миовски во гол-форма, на два меча по ред ги тресе мрежите во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, новата сезона одлично ја започна во дресот на Абердин и на втор меч по ред се запишува во листата на стрелци.

Откако минатиот викенд го постигна првиот гол во шкотската Премиер лига и тоа против шампионот Селтик, Миовски вечерва погоди и во Лига купот.

Абердин славеше со 2:1 на гостувањето кај Стирлинг, а Миовски го постигна првиот гол на натпреварот во 29-та минута.

Во вториот дел, Кларксон зголеми на 2:0, а домашниот тим го ублажи поразот со голот на Спенс во 75-та минута.

- Оглас -

Најнови вести