Миовски во гол-форма, шкотскиот гигант се спаси од пораз во 94-та минута (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува со одличните игри за Абердин во шкотската Премиер лига и денеска повторно се запиша во листата на стрелци.

Абердин одигра 1:1 против шкотскиот гигант Ренџерс кој до бодот дојде во последните моменти од мечот. Голот за Абердин беше дело на Миовски во 11-та минута. Акцијата започна со исфрлањето на топката на голманот Рос, по што Соклер со глава му асистираше на Миовски кој од 16-тина метри немаше проблем да го совлада Батленд.

Ова е вкупно петти гол на Миовски сезонава во шкотската Премиер лига и е шести најдобар стрелец, а воедно по третпат му дава гол на Ренџерс во седумте меѓусебни дуели.

Ренџерс од пораз се спаси со голот на Таверние во 94-та минута.

- Оглас -

Најнови вести