Миовски во напад на шампионoт на Шкотска

1663 Антверпен – Зулте Варегем (21 ч.)

Интересно е дека овие две екипи не ремизирале ниеднаш во последните 20-тина години во кои одиграле вкупно 13 меча. Во овој период Антверпен има девет победи, а Варегем се радувал четири пати.

Фактот дека немаат одиграно нерешено, значи дека не играле ниеднаш без голови, па затоа може да се очекуваат погодоци и овојпат.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.85)

 

4245 Атлетико ПР – Сао Пауло (21 ч.)

Сао Пауло е без пораз на последните 11 меча, но овојпат гостите имаат многу проблеми со повредени и суспендирани играчи, што секако може да биде шанса за Атлетико ПР.

Традицијата во меѓусебните дуели е на страна на Сао Пауло, затоа што овој тим има пет победи, четири дуели завршиле нерешено, а само еднаш се радувал Атлетико. Сепак, фактот дека Атлетико сезонава игра одлично и е во горниот дел од табелата, на домаќинот му дава за право да се надева на бодови.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.76)

 

3408 Спарта Прага – Либерец (19 ч.)

Доминира Спарта Прага во дуелите против Либерец во последните две години, па има четири победи и две нерешени. Головите не фалат кога играат овие две екипи, па Спарта на пет од овие шест дуели има постигнувано барем по два погодоци.

За Либерец главна цел во ова ново првенство ќе биде да обезбеди опстанок, но во првото коло на гости кај Спарта тешко дека ќе може да освои бодови.

Предлог тип: 1-1 (1.94)

 

1246 Селтик – Абердон (17:30 ч.)

Шампионот Селтик гостува кај Абердин во чии редови е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Одлично деби имаше Миовски кога постигна гол во Лига Купот, а сега во првото коло од првенството гостува на „Селтик парк“.

Селтик е доминантен против Абердин и има 11 победи и две нерешени во последните 13 меѓусебни дуели. Тоа што е охрабрувачки за Абердин е дека на последните четири средби дава барем по еден погодок.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

1924 Јанг Бојс – Грасхоперс (16:30 ч.)

Перфектно започна Јанг Бојс па по првите две кола има максимални шест бода и седум дадени без ниту еден примен гол. Грасхоперс најчесно не е ривал кој може да му парира Јанг Бојс, па во последните 13 дуели, билансот е девет победи за фаворитот и четири нерешени.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.55)

- Оглас -

Најнови вести