14.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Мир даде убав гол против својот клуб и бурно славеше (Видео)

На синоќешниот меч Севилја – Елче кој заврши 2-2, се случи еден момент кој ги налути фановите на Севилја.

Фудбалерот Рафа Мир кој игра за Елче како позајмен од Севилја и голем дел од платата уште ја прима од Севилја, даде убав гол од слободен удар и почна бурно да прославува упатувајќи дека кон трибината каде што се навивачите зад голот. Ова воопшто не им се допадна на домашните фанови кои сметаат дека покажал непочитување. Потоа направи и потсмевлив гест насочен кон камерата.

Подоцна Мир даде изјава дека ги сака и почитува Севилја и нејзините поддржувачи, но додаде и дека според него треба да се прославуваат головите и дека сега кога игра за Елче, секогаш ќе дава 100 проценти за тимот.

Голот и прославата погледнете ги ТУКА.

Мир има договор со клубот од Андалузија до 2027 година. Тој веќе никогаш нема да игра за Севилја, но од клубот посакуваат тој добро да игра за Елче за да му порасне цената и да може поскапо да го продадат.

Фото: Antonio Pizarro

- Оглас -

Најнови вести