Мира Андреева испиша историја во женскиот тенис

Русинката Мира Андреева која е 14-та на ВТА листата, стана најмладата тенисерка која стигнала до финале на ВТА 1000 турнир. Андреева која има 17 години и 298 дена, ќе игра финале на „илјадарката“ во Дубаи.

Оваа категорија на турнири во женскиот тенис се појави во 2009 година. Андреева стана и најмладата тенисерка по Марија Шарапова од 2004 која на еден ист турнир елиминирала три победнички на гренслеми. Жртви на младата Русинка беа Маркета Вондроушова, Ига Швјонтек и Елена Рибакина.

- Оглас -

Најнови вести