18.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Мирен лет и да се вратите со победа од Малта! (Фото)

Експедицијата на фудбалската репрезњентација на Македонија пристигна на аеродромот во Скопје, каде попладнево треба да полета кон Малта, за задутрешниот двобој со Малтежаните од квалификациите за ЕП 2024.

После ремито со Италија, пораснаа апетитите во тимот, па евентуална победа над аутсајдерот Малта, ќе ја врати Македонија во битка за третото место во групата, место кое води во бараж.

Атмосферата меѓу играчите е мирна и вообичаена, тие со нетрпение чекаат да тренираат на националниот стадион во Малта и да се запознаат со условите во кои ќе треба да бркаат победа.

Присуството на фудбалерите на аеродромот ги привлекува погледите на останатите патници кои треба да летаат од Скопје.

Куферите се полни, навивачите посакуваат тимот да се врати со три бода и атмосферата околу националниот тим уште повеќе да зоврие пред следните предизвици.

- Оглас -

Најнови вести