Фудбалерите на Јувентус го преживеаја гостувањето во Фиренца кај Фиорентина славејќи со минимални 1:0 во 11-то коло во Серија А.
Со победата, Старата дама дојде до 26 бода и е втора на табелата со два бода помалку од лидерот Интер, додека има четири повеќе од третопласираниот Милан. Фиорентина со 17 бода се наоѓа на делба на седмата позиција со Рома.
Херој на Старата дама е 20-годишниот Фабио Мирети кој во 10-та минута го постигна првиот гол во дресот на Јувентус.