До 15:30 часот утре имате време да ги дадете вашите прогнози за 35-тото коло од Спортска прогноза и да очекувате дека можеби сте погодиле Среќна 13-ка, односно да ги погодите сите 13 пара кои се на понудата.
Главната премија за перфектно прогнозирање е мобилен телефон „ајфон 12“, додека за еден или два промашени пара следуваат вредносни ваучери од по 1.000, односно 500 денари.
Од сите двојки кои се на понудата, секако најатрактивен е двобојот меѓу Ливерпул и Челзи. Овие два тима ќе играат во финалето на ФА купот на „Вембли“. Ливерпул веќе го освои Лига купот, а сега тимот на Јирген Клоп атакува на уште еден куп-трофеј.
Според прогнозерите, Ливерпул е и фаворит за освојување на пехарот. Безмалку 70 отсто од прогнозерите веруваат дека Ливерпул ќе се радува по регуларните 90 минути, додека 20 отсто очекуваат да биде нерешено и да има продолженија. Скромни 10 отсто веруваат во победа на Челзи во регуларниот дел.
Доколку уште не сте ги дале вашите прогнози за ова коло, време е да ПРОГНОЗИРАТЕ.