Мириса на германски кецови за почеток и крај на 24-тото коло на Спортска прогноза

Херта и Келн ќе го отворат 24-тото коло на Спортската прогноза што веќе е во тек, а имаме интересен распоред на 13-те натпревари од главната програма на популарната 13-ка, која почнува и завршува со бундеслигашки натпревари.

Во сабота од 15.30 часот ќе стартуваат Херта и Келн во Берлин и до тој рок можете да се прикчлучите со свои прогнози, а финишот е во Франкфурт со понеделничкиот меч меѓу Ајнтрахт и Унион Берлин.

Мириса на два сигурни „кеца“ во Германија, но изборот е ваш, а точно погодена компплетна прогноза ќе значи дека сте добитници на прекрасниот IPhone XS.

Шемата е стандардна, има многу интересни награди, а Sport Life ве наградува и ако не погодите. За една утка ви следува ваучер од 1.000 денари, за два промашени пара можете да уплатите тикет од 500 денари со ваучер во нашата позната обложувалница.

Во ек е трката за водечките пет позиции во Генералниот пласман што носат интересни награди.

Подолг период лидер на табелата е Христијан Т., сега со двоцифрена предност пред конкурентите и е најблиску до премијата ТВ Смарт од 48 инчи. Сепак до крајот има уште многу игра и пресврти и изненадувања се можни, а четворицата учесници зад лидерот ќе добијат СЛ поени од маркетот на Sport Life.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести