Арсенал и Челзи најавуваат лондонско финале во Лигата на Европа откако остварија солидни резултати на првите полуфинални мечеви во тоа натпреварување.
Топчиите ја победија Валенсија со 3-1 на свој терен, а Челзи успеа да одигра нерешено 1-1 во Франкфурт кај Ајнтрахт.
Почетокот не најавуваше победничко сценарио за Арсенал, а Муктар Дијакаби во 11-тата минута ѝ донесе предност на Валенсија.
Но, Александр Лаказет со два брзи гола, во 18-тата и во 26-тата минута донесе пресврт, а со погодокот во самиот финиш на мечот го потврди Обамејанг.
Во Франкфурт, Ајнтрахт поведе со погодокот на Лука Јовиќ, а Педро во финишот на првото полувреме израмни. Во продолжението немаше голови и сега Челзи ќе има можност во реваншот на свој терен да се пробие до финалето.
Досега две екипи од ист град не играле во финале на Лигата на Европа, а Арсенал и Челзи имаат можност да се запишат во историјата на второто по ранг европско клупско натпреварување.