Роберт Левандовски втора година по ред го добива признанието Златен играч, кое се доделува од страна на италијанскиот весник „Тутоспорт“.
Напаѓачот на Баерн Минхен во оваа конкуренција ги победи Жоржињо и Лионел Меси и сето тоа е наговестување дека ќе биде подобар од нив и во борбата за Златната топка.
Популарниот Лева беше реизбран за оваа награда од стручното жири, кое го сочинуваат голем број фудбалски легенди, а италијанскиот весник исто така денеска се одлучи да му ја додели наградата и на Педри за најдобар млад играч за оваа година.
Останува да се види на 29 ноември кој ќе ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, а тоа е Златната топка.