Мирко Филиповиќ: Боксот е многу поопасен за здравјето од ММА

Легендарниот ММА борец Мирко Филиповиќ, кој има 49 години, а последната борба ја имаше пред четири години, даде интервју за хрватски „Индекс“ во кое направи споредба на боксот и мешаните боречки вештини ММА, и смета дека боксот е поопасен за здравјето на спортистите.

„По здравјето, поопасен е боксот, бидејќи цело време на мета е главата, а таму се и поголеми ракавиците. Во боксот примаш по 100-200 удари. Подобро некој да те погоди еднаш отколку постојано да те мава 12 рунди. Затоа има изливи на крв во мозокот, особено во полесните категории. Во ММА имаш гушење, поголем е нагласокот на телото, на нозете, боречки зафати. Има удари и во глава, но не се 200. Поголема штета се прави кога постојано те удираат“ – споредува популарниот Кро Коп.

- Оглас -

Најнови вести