Мирко Филиповиќ или популарно познатиот Кро-Кап ја заврши кариерата во рингот. Познат како еден од најдобрите борци во последниве 10-тина години, неочекувано објави крај и тоа поради здравствени проблеми. Самиот борец откри дека во понеделникот додека бил на тренинг, доживеал мозочен удар.
„Ова е крај. Нема веќе борби. Имам проблеми со вратот. Кога ќе се свртам, ми доаѓа да се онесвестам. Бев на магнет на вратоти се беше во ред. болките ми пречеа, но мислев дека така треба да биде. Потоа го свртев вратот 10 пати на една, па 10 пати на друга страна и паднав во несвест. Цела болница знае дека имав мозочен удар. Тој излив можеше да отиде лево или десно. Ми пукна жила“ откри Филиповиќ, кој додава дека сето тоа е собрано од 30 години тренинг.
Докторите му рекле дека сега три месеци не смее да има никакви тренинзи, туку само лесни прошетки, а нов мозочен удар може да предизвика и смрт.
„Ќе бидам дисциплиниран. Веќе нема никогаш да правам ни полесен спаринг“, ветува Кро-Кап, кој во текот на успешната кариера имаше 38 победи, 11 порази и две нерешени борби.