3.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Мирко Вучиниќ доби нов мандат како селектор на Црна Гора

Мирко Вучиниќ ќе продолжи да ја предводи фудбалската репрезентација на Црна Гора, соопшти Фудбалскиот сојуз на Црна Гора (ФСЦГ).

Поранешниот ас на Лече, Рома и Јувентус ја презеде селекторската функција по смената на Роберт Просинечки во завршницата на квалификациите за Светското првенство, како и на пријателскиот натпревар против Лихтенштајн.

Под негово водство, Црна Гора забележа победи над Гибралтар и Лихтенштајн со идентичен резултат 2-1, доживеа тежок пораз од Фарските Острови со 0-4 и одигра солиден натпревар против Хрватска, во кој водеше со 2-0, но на крајот загуби со 2-3.

Вучиниќ се најде под притисок по поразот од Фарските Острови, но доби целосна поддршка за да ја води Црна Гора во новиот циклус на Лигата на нациите, а веројатно и подоцна во квалификациите за Европското првенство 2028.

„Сениорската репрезентација ќе ја предводи Мирко Вучиниќ, кој ја извршуваше оваа функција во последните четири натпревари во 2025 година во квалификациите за Светското првенство. Вучиниќ ја доби довербата на Извршниот одбор да го води националниот тим во следната година, во пријателските натпревари кои репрезентацијата ќе ги игра во март и мај/јуни, како и во натпреварите од Лигата на нациите на УЕФА кои се на програмата од септември до ноември следната година“, стои во соопштението на ФСЦГ.

- Оглас -

Најнови вести