Србија предводена од селекторот на младинската репрезентација, Зоран Мирковиќ, дојде до победа над Андора од 1-3, но сега пред нашите северни соседи е друг предизвик.
Фудбалскиот сојуз на Србија треба и официјално да ја прифати оставката на Драган Стојковиќ – Пикси и да назначи негов наследник, а тоа сигурно нема да биде Мирковиќ, по мечот на Пиринеите ја отфрли таа можност.
„Јас имам мое работно место, тоа е во репрезентацијата до 21 година. Дојдовме тука заедно со мојот стручен штаб како прва помош, и тоа е тоа од мене“, рече Мирковиќ по мечот против Андора.
Како најсериозен кандидат за наследник на Стојковиќ се споменува тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ.