Големиот ракометен борец Филип Миркуловски ќе биде еден од најискусните во македонскиот табор за настапот на Европското првенство што ќе почне на 13 јануари, за нас со дуелот против Словенија.
Македонија е во завршна фаза на подготовките и утре и задутре ќе ги има двата последни тест-натпревари против Изреал.
„Веќе сме во завршна фаза на подготовките за настап на Европското првенство и двата меча со Израел утре и задутре ќе ни послужат за финална глазура на формата. Веќе работиме на финалните детали во фазата на напад и одбрана.
Најважно од сè е да сме здрави и да останеме комплетни за ЕП. Веќе го анализираме првиот противник на шампионатот, Словенија, селекција со која ќе играме на 13 јануари, а потоа во Дебрецин ќе одиме чекор по чекор за да ги запознаеме и Црна Гора и Данска. Имаме квалитет рамноправно да се носиме со ривалите во нашата група, а посакувам само да нема повреди и да нè избегне корона-вирусот“, изјави Миркуловски.
Македонија ќе игра со Словенија на 13 јануари, потоа со Црна Гора два дена подоцна и со Данска на 17 јануари во првата фаза на ЕП, а сите мечеви ни се во Дебрецин, Унгарија.