Миркуловски се врати и македонското ракометно срце повторно чука во победнички ритам

Историска е победата на Македонија против Данска. Прв пат во шестиот меч ја победивме една од најдобрите ракометни селекции и тоа на дебито на Кирил Лазаров како селектор на националниот тим. Потегот да се назначи Лазаров за селектор, но да остане и капитен и предвоник од теренот се покажа како одличен.

Лазаров успеа да го врати и Филип Миркуловски во репрезентативниот дрес, потег кој се покажа како многу значаен. Иако има 37 години, Миркуловски покажа дека секогаш кога ќе го облече дресот на Македонија е подготвен да изгине. Кружниот бек беше „срцето“ на овој меч за Македонија. Искусниот ракометар го имаше на секој дел од теренот, кога требаше знаеше да направи некој од неговите преопознатливи продори, а постигна и три погодоци.

Миркуловски е злато вреден во репрезентацијата и тој е пример за сите ракометари како треба да се игра за Македонија!

- Оглас -

Најнови вести