25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Миркуловски во тандем со Чамџиќ ќе го водат Вецлар до крајот на сезонава

Филип Миркуловски во тандем со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ ќе бидат главни тренери на тимот на Вецлар до крајот на сезонава во Бундеслигата.

Целта на Вецлар е да обезбеди опстанок, а по разделбата со Хрвоје Хорват, Филип и Јасмин веќе го водеа заеднички тимот.

„Одлуката е логична. Осум години сум во клубот, Јаско е уште подолго од мене, добро знаеме кој играч што и колку може, и тоа е голема предност. Сигурен сум дека ќе успееме како тим“, рече Миркуловски.

- Оглас -

Најнови вести