Валенсија минимално со 1-0 ја совлада Осасуна на домашен терен, во 26-тото коло од шпанската Ла Лига.
Клучниот момент на дуелот на „Местаља“ се случи во 67-та минута. Тогаш Лилјаците добија пенал, а одговорноста ја презеде Рамазани, кој без проблем реализираше за 1-0.
Иако тимот од Памплона влезе во мечот со висок морал, по сензационалната победа над Реал Мадрид во претходното коло, денешниот дуел не го оправда тоа расположение и Осасуна остана без позитивен резултат.
Столе Димитриевски беше на голот на Валенсија и ја сочува мирна својата мрежа.
Со овој триумф, Валенсија се искачи на 14-та позиција со 29 бодови, пет повеќе од Мајорка, која моментално е првата под „линијата“ за опстанок. Осасуна е на десеттото место, со четири бода повеќе од денешниот ривал.

