Мирно е на „Камп ноу“, вистинската забава е на легендарниот „Ајброкс“

Барселона и Галатасарај играат 0:0 по првиот дел од првата средба во осминафиналето од Лигата на Европа.

Ако на „Камп ноу“ нема голови, сосема поразлична е ситуацијата на останатите три средби од овој термин, а најголемата забава е на легендарниот „Ајброкс“.

Таму Глазгов ренџерс води со 2:0 против Црвена ѕвезда, иако резултатот можеше да биде и многу, многу поинаков. Домаќините имаат убава предност со головите на Џејмс Таверниер во 11-тата и Алфредо Морелос во 16-тата минута.

На српскиот првак оправдано му беа поништени два гола со ВАР, а во 24-тата минута Александар Катаи промаши и пенал.

ЛИГА НА ЕВРОПА

Аталанта – Баер Леверкузен 2:1

Барселона – Галатасарај 0:0

Глазгов Ренџерс – Црвена ѕвезда 2:0

Брага – Монако 1:0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести