Мирно прво полувреме: Мируваат мрежите на Македонија и Грузија

Македонија и Грузија играат без голови по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Ова е дуел на две селекции кои претендираат за првото место во групата.

Нашата репрезентација беше поактивна во првите 45 минути и создаде неколку шанси. Најпрво Александар Трајковски шутираше, но беше за малку непрецизен, а потоа следуваа два удари на Елиф Елмас, но гостинскиот голман ги одбрани.

Грузија се закануваше од контра напади, гостите имаа и три шута, но Столе Димитриевски беше сигурен и ги одбрани.

- Оглас -

Најнови вести