Мирослав Клозе претставен ако нов тренер на Нирнберг

Германската фудбалска легенда Мирослав Клозе е нов тренер на клубот Нирнберг, а по повод потпишувањето на двегодишниот договор, Клозе одржа и прес-конференција.

Клозе, кој е прв стрелец во историјата на Мундијалите, играчката кариера ја заврши во 2016 година. Потоа прво се испроба како асистент во германската репрезентација, беше тренер на Баерн до 17 години, а беше и асистент во првиот тим. Претходната сезона ја мина во Алтах, а сега ќе го води Нирнберг.

„Традиција, страст, чесна работа, одлични навивачи. Тоа се сите работи што ги сакам во фудбалот и ги поврзувам со Нирнберг. Клубот има одлична база која сакаме да продолжиме да ја градиме“, изјави Клозе.

Сезонава Нирнберг ја заврши на 12-тото место во втората германска лига.

- Оглас -

Најнови вести