Миротиќ: Добивав многу закани и навреди, одлучив да играм за клуб кој не е од Србија

Кошаркарот Никола Миротиќ после раскинот на договорот со Барселона, доби понуда од Партизан, се најавуваше дека ќе прифати да игра за белградските Црно-бели, но нема ништо од тоа.

Црногорецот со шпански пасош се обрати преку Инстаграм и објасни зошто нема да игра за било кој српски клуб.

„Само што во јавноста се појавија информации за мое продолжување на кариерата во Партизан, започнаа закани и навреди кои многу ме изненадија и повредија. Не сакам да бидам личност која ќе ги дели луѓето по било која основа, најмалку според боите на клубот. Одлучив да не бидам дел од таква атмосфера, не сакам себеси и моето семејство да ги ставам на понатамошни непријатности. За волја на вистината, ниедна закана не дојде од таборот на КК Црвена ѕвезда, со нив имам добра комуникација и голема почит. Сакав да играм за тим од Србија, тоа е земја која ја сакам, но работите не одеа во добар правец. Му се заблагодарувам на КК Партизан за укажаната доверба и желба да бидам во нивниот тим, но сепак решив дека за мене и моето семејство, најдобро е да продолжам во некој од европските клубови надвор од Србија“ – напиша Миротиќ.

Прв фаворит за потписот на Миротиќ е Панатинаикос, а каталонскиот весник „Ел Мундо депортиво“, објави дека Миротиќ наводно добивал закани од луѓе блиски на српскиот претседател Александар Вучиќ. Од друга страна, има информации дека Вучиќ му рекол на Миротиќ дека безбедноста во Србија ќе му биде загарантирана.

- Оглас -

Најнови вести