Миротиќ, Лидеј и Димитријевиќ го урнаа лидерот на Евролигата

Армани Милано извојува прилично неочекувана победа на гостувањето кај Фенербахче од 91-85, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солидна партија.

Нено за 19 минути игра даде 15 поени, а имаше и четири асистенции. Поефикасни од него кај Милано беа само Никола Миротиќ со 29 поени и Зек Лидеј со 19.

Фенер до пред ова коло беше првопласиран на табелата, а ова им е трети пораз сезонава, додека Милано сега е на скор 6-6.

- Оглас -

Најнови вести