Никола Миротиќ потврди дека во следната сезона нема да го носи дресот на Барселона, но тврди дека нема договор со Армани Милани, како што се зборува деновиве.
Црногорецот со шпански пасош е еден од најскапите кошаркари во Европа, па Барса реши да се раздели со него. Миротиќ тврди дека платата не била проблем бидејќи никој од клубот не му понудил да остане во Барса за помала плата, нешто што тврди дека ќе прифател ако му било понудено.
„Среќни сме и јас и семејството тука во Барселона, ќе прифатев да останам и за помала плата. Јас не сакам да си одам, но одлуката е да се ослободи од мене. Навувачите треба да знаат дека ги играм последните мечеви тука“, изјави Миротиќ, кому договорот со Каталонците му е до 2025 година, но летово ќе биде продаден.
Верзијата на Барса е дека повеќе пати му нуделе помала плата од сегашната, но Никола и неговиот агент одбивале.