Мисијата на ПСЖ ќе заврши во 2022 година кога ќе дојде и Роналдо

Газдата на Пари Сен Жермен Насер Ал Келафи има спектакуларен план следното лето да го доведе и Кристијано Роналдо. Шпанскиот весник Ас тврди дека катарскиот богаташ има план следното лето како замена за Килијан Мбапе да го доведе Роналдо.

И на Роналдо и на Мбапе договорите им истекупаат на 30 јуни 2022 година, а ПСЖ е подготовен да се откаже од Мбапе за да го направи неверојатното, а тоа е Меси и Кристијано да заиграат во ист тим. Се шпекулира дека газдата на ПСЖ веќе преговара со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш и е подготвен да му понуди двегодишен договор.

Веќе на големо се шпекулира дека Мбапе може да си замине од ПСЖ уште ова лето и дека нема да биде во добри односи со Меси, но тоа засега не е ништо потврдено.

 

- Оглас -

Најнови вести