Мисијата „одбрана на тронот“ успешна: МЗТ во Битола ја освои деветтата титула

МЗТ Скопје Аеродром е старо-новиот кошаркарски првак на Македонија, по триумфот од 102:93 против Пелистер во четвртио меч од финалната серија кој се одигра во „Боро Чурлевски“ салата во Битола.

Штрковите на сигурен начин стигнаа до деветтата титула во својата клупска историја во можеби најинтересниот натпревар од овогодинешното финале.

Супер интересно стартуваше дуелот на двата најдобри кошаркарки тима во земјава, откако Пелитер отвори со 7-2 серија, но гостите од Скопје за брзо ја презедоа иницијативата во продолжението од воведната четвртина која заврши со ефикасни 28:29.

Со предност од пет поени МЗТ влезе во второто полувреме кога првпат избори двоцифрена предност. Напорите на битолчани да ја анулираат негативата не се исплатија, се случи спротивното. Штрковите избегаа на највисоки +16 на пет минути до крајот, што беше најава дека шампионскиот трофеј нема да го менува сопственикот.

Со импресивни 31 поен, Милошевиќ го предводеше МЗТ до слаткиот триумф, со по 17 поени Рикиќ и Војдан Стојановски исто така имаа свој придонес. Кај поразените Малешевиќ со 21 поен беше најефикасен играч.

- Оглас -

Најнови вести