Македонската фудбалска репрезентација, потешко од очекувањата, со 2:1 славеше над Малта во првиот меч од квалификациите за пласман на Европското пренство во 2024 година. Ова е добар старт на нашата репрезентациј, затоа што освоени се планираните три бода во групата, во која се и европските гиганти Англија, Италија, како и опасната Украина.
Првото полувреме на арената „Тодор Проески“ беше за заборав. Македонија не упати ниту еден прецизен удар за 45 минути игра, но ситуацијата се смени во вториот дел.
Македонија заигра подобро во второто полувреме и тоа резултираше со два убави погодока. Најпрво Елиф Елмас донесе голема радост со погодок во 66-тата минута, а во 72-рата минута веќе беше 2:0 по погодокот на Дарко Чурлинов.
https://twitter.com/i/status/1639014812196941825
Предноста беше добра, но по еден кикс во одбраната, Малта успеа да намали на 1:2 во 86-тата минута со погодокот на Јаник. До крајот на средбата, гостите имаа уште една опасна шанса и една полуконтра, но, за наша среќа, не погодија.