Мисијата успешна, реализирана хуманата акција на битолчани (Фото)

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер како последна активност за оваа година си ја зацрта најважната мисија – хуманата акција на натпреварот против Вардар 1961 доби успешна реализација.

Плишаните мечиња и детските играчки кои навивачите ги даруваа со фрлање на теренот за време на дербито беа собрани и завршија во вистински раце.

Од клубот најавија дека овие плишани играчки ќе бидат донирани за божиќните празници на децата од ранливите категории и ветувањето беше исполнето.

Ракометарите на македонскиот првак утрово ги даруваа играчките во основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола.

- Оглас -

Најнови вести