Мислеше дека е снег, па скокна на глава (Видео)

УФЦ борецот Мераб Двалишвили се здоби со повреди на главата во бизарна несреќа за која самиот е виновен. Искусниот 30-годишен борец сакаше да скокне во водата на едно замрзнато езерце, но наместо да се олади, се здоби со расекотини на лицето.

Двалишвили реши да го објави видеото и начинот на кој се повреди, а притоа и да објасни која му била целта.

„Си помислив дека е добар ден за тренинг и трчање во паркот. Видов едно езерце и помислив дека е прекриено со тенок слој снег. Сепак, излезе дека се работи за замрзната вода. Само што удрив во ледот, почувствував како кожата ми отпаѓа. Многу беше болно, но сега сè е во најдобар ред“, објасни повредениот борец.

- Оглас -

Најнови вести