Мисли на Мбапе, ама не кажува директно – Нејмар најде виновници за поразот од Рен

Нејмар најде виновници за неуспехот на Пари Сен Жермен во финалето на купот на Франција, а според него помладите играчи на „светците“ потфрлиле.

“Мора да бидеме посплотени, да личиме на екипа. Помладите играчи беа како загубени во финишот. Мора повеќе да слушаат совети од поискусните и помалку да зборуваат“, изјави Нејмар.

Француските медиуми објавуваат дека Бразилецот пред се мисли на Килијан Мбапе, кој беше исклучен во финишот на продолженијата.

“Не е време да зборуваме за него. Секако дека Килијан е млад играч и има уште многу да учи. Сега е познат и мора повеќе да внимава на секој фаул што ќе го направи, бидејќи веднаш судиите ќе го казнуваат со жолт, или црвен картон“, додаде Нејмар.

ПСЖ испушти предност од 2:0 во финалниот меч против Рен, а по конечните 2:2 се изведуваа пенали и пехарот замина за Рен.

- Оглас -

Најнови вести