-3.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Мистеријата е решена: Пикси не добил ниту евро за отказот од селекторската позиција

Драган Стојковиќ – Пикси во октомври минатата година си замина од селекторската позиција во фудбалската репрезентација на Србија, а јавноста кај нашиот северен сосед долго шпекулираше дека добил милионско обесштетување.

Шпекулациите се должат на фактот дека Пикси не си поднесе оставка, туку само ја понуди, а Управниот одбор на ФСС подоцна и му ја прифати. Сепак, генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко, за јавноста откри детали од разделбата со Пикси Стојковиќ.

„По натпреварот отидов и му реков: ‘Драган тоа е тоа. Ова веќе ни фудбалската јавност, ни народот, ни Сојузот не можат да го издржат и мора да најдеме решение’. Ми рече дека разбира и дека ќе каже на прес-конференцијата дека си заминува. Рече ‘еве ја нудам мојата оставка и нема да ја водам екипата во Андора’. Зошто не поднесе оставка? Не знам, би требало тој самиот да објасни. Но, треба да се знае дека спогодбено го раскинавме договорот, а ФСС не ми исплати ни евро на Стојковиќ. Без оглед на големата излезна клаузула која ја имаше, на крајот не му исплативме ништо и се согласи на спогодбен раскин, а можеше да добие голема сума.“ – рече Радујко.

Според генералниот секретар на ФСС, Стојковиќ имал клаузула во случај на отказ од еден милион евра.

- Оглас -

Најнови вести