Премиер лигата приреди нов гаф и го вклучи напаѓачот Бетињо во составот на Манчестер јунајтед и тврди дека тој постои и е член на Црвените ѓаволи од 2019 година, а од клубот одговорија дека тоа е грешка.
Манчестер јунајтед никогаш не пријавил таков фудбалер, и тоа со дресот со број 11, но тој постои во составот што го објавува Премиер лигата.
Навивачите на Црвените ѓаволи се збунети, но почнаа и да фаќаат сеир и да коментираат дека Бетињо е замената за Роналдо.
И што е најсмешно, Бетињо навистина постои, но игра за португалскиот нисколигаш Еспињо.
Премиер лигата треба да си ја коригира грешката, а нормално, Бетињо го нема во составот на Манчестер јунајтед за мечот со Нотингам форест што почна во 21 часот.