Мистериозна смрт: Кошаркар пронајден мртов на сред улица во Џенова

Литванскиот кошаркар Ауримас Сибас е пронајден мртов на сред улица во италијанскиот град Џенова. Сибас пристигнал во Џенова во посета кај неговиот пријател Римантаус Даунис, кој исто така е кошаркар.

На крајот, патувањето во Италија се претворило во трагедија откако 27-годишниот Сибас мистериозно паднал од 20 метри висина. Истражителите не сакаат да ја исклучат која било опција, а обдукцијата на телото ќе биде в четврток, кога треба да бидат познати повеќе детали.

Сибас, кој играл во кошаркарскиот тим Бјерингбро во Данска, допатувал во Џенова во посета на пријателот кој игра за италијанскиот тим Палаканестро Сестри, клуб кој е од предградието на Џенова.

Двајцата кошаркари биле излезени вечерта, а Сибас имал расправија со неколку посетители во еден ноќен клуб. потоа, Сибас бил исфрлен од клубот, а пријателите подоцна не можеле да го пронајдат и го пријавиле за исчезнат.

Утрото телото на Сибас било пронајдено на сред улица од страна на случаен минувач. Братот на кошаркарот изјавил дека Сибас никогаш не конзумирал алкохол и не влегувал во конфликт со никого. На неговото тело имало видливи модринки и рани, па затоа и телото е дадено на обдукција, по која треба да бидат појасни некои работи.

 

- Оглас -

Најнови вести