Мистериозна смрт на поранешен играч на Шкупи, почина на тренинг со репрезентацијата

Трагична вест пристигна од Екваторијална Гвинеја, каде што на тренинг на репрезентацијата на оваа земја почина поранешниот фудбалер на Шкупи, Маријано Ондо.

Ондо, кој има 7 настапи за Екваторијална Гвинеја и играше за Шкупи во 2018 година, трагично го заврши животниот пат на 23-годишна возраст.

На подготовките со Екваторијална Гвинеја чекаше и документи за преселба во Шпанија, каде што имаше договорен трансфер со нисколигашот Рапидо де Бузас.

Објавено е дека на десниот бек одеднаш му се слошило на тренинг и паднал во бессознание.

Иако брзо бил префрлен во болница во Банапо, за жал, немало спас за 23-годишниот поранешен играч на Шкупи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести