Мистериозните наочари повторно се адут на швајцарските голмани на СП (Фото)

Швајцарија има четири голмани во составот од 26-мина играчи за Светското првенство во Катар и сите повторно и вообичаено ја користат технолгијата што ја презентираа во 2013 година на тренинзите.

Повторно во прашање се мистериозните наочари што ги произведува јапонска фирма специјално за нив, а им овозможува на Јан Зомер и на останатите тројца швајцарски голмани подобро да се подготват за настапите против Камерун, Бразил и Србија во првата фаза од Мундијалот во Катар.

Според објаснувањето, наочарите кои се специјални им овозможуваат на голманите да го следат движењето на топката како реприза и поспоро и пофокусирано од оригиналниот удар.

Швајцарија ќе го почне Мундијалот во Катар задутре, со дуел против Камерун. Четири дена подоцна на мегдан ќе им излезе светскиот рекордер со пет титули, Бразил, а во последниот натпревар во фазата по групи на 2 декември ќе играат против Србија.

 

- Оглас -

Најнови вести